Имавме куса средба со претседателот на владата г-дин Зоран Заев. Куса беше затоа што немаше тема, односно целокупната тема беше исцрпена во текот на вчерашниот и денешниот ден.

Јас немам што да додадам, веќе го кажав во текот на оние две прес конференции кои што ги одржав во текот на вчерашниот ден но и во текот на денешниот ден. Така што немаше некои нови моменти кои што можевме еден на друг да си ги кажеме освен тоа да повториме дека ова за мене е капитулација, договор за капитулација на Република Македонија.

Тој договор ни е предаден нам односно на ВМРО-ДПМНЕ. Од страна на претседателот на владата добив информација дека во текот на утрешниот ден договорот ќе помине на владина седница и ќе биде декласифициран. Така што најверојатно во текот на утрешниот ден јавноста ќе ги знае деталите и спецификите на истиот. Ние допрва ќе го разгледуваме, така што ќе го коментираме во деновите што доаѓаат за сите оние детали кои што јавноста или не ги знае или не доволно и беа презентирани во изминативе два дена.

Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање истакна дека после сите информации кои ги добил од медиумите, неговиот став и ставот на ВМРО-ДПМНЕ по однос на договорот со ВМРО-ДПМНЕ е поцврст.

-На претседателот Иванов генерално му ги повторивме нашите позиции, моите позиции, позициите на ВМРО-ДПМНЕ. Претседателот ме информираше и ме охрабри дека во текот на денешниот ден ќе има исто така обраќање кон јавноста, така да за деталите ќе можете него директно за време на тоа обраќање да го прашате. Врз основа на оние детали кои што ги дознавме од медиумите не само што нема простор да се промени моето мислење, туку напротив мислењето мое и на партиските органи е се поцврсто, истакна Мицкоски.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/06/2018 16:39