Поранешниот премиер Никола Груевски се огласи со свој став за новиот предлог за името - Северна Македонија. На својот профил на социјалната мрежа Фејсбук, тој сподели 2 негови изјави од времето кога беше премиер на државата во кои истакнува дека името Северна Македонија е тотално неприфатливо за него.
Јавно отфрленото во 2009-тата - денес прифатено, но во далеку полоша верзија. Не само за надворешна, туку и за целосна внатрешна употреба, плус промена на уставот, откажување од дијаспората, историјата, АСНОМ, Илинденското востание и идентитетот, напиша Груевски на својот Фејсбук профил.