Денеска во ВМРО-ДПМНЕ е раздвижено. Претседателот на партијата, Христијан Мицкоски, ќе оствари состаноци со пратеничката група и ќе заседава Извршниот комитет ова попладне.
Се очекува разгледување на новонастанатата ситуација, по вчерашното добивање на документот кој го договорил Зоран Заев со Алексис Ципрас.
Таквиот договор за Мицкоски е договор за капитулација и пораз за државата.
Вчера Мицкоски изјави дека ќе отпочне процес на широки консултации и очекува изјаснување и на другите субјекти кои имаат општествена одговорност како МАНУ, МПЦ, Универзитетите и професорите.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ претходно најави дека договорот е неприфатлив за партијата.
Подоцна, во текот на денот по одржаните состаноци, се очекуваат и изјави за содржината на договореното.