Десетици невооружени талибански борци денеска влегоа во авганистанскиот главен град благодарение на примирјето по повод муслиманскиот празник Рамазан Бајрам, кој го означува крајот на светиот месец Рамазан.

Во Кабул, како и на други места во земјата, војници и талибанци разменувале прегратки и правеле „селфи“.

Талибанците ненадејно објавија тридневен прекин на борбите по повод празникот кој почна вчера, и истакнаа дека тоа ги исклучува странските сили. Прекинот на огнот се совпаѓа со примирјето кое до среда го објави авганистанската Влада.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/06/2018 05:05