Скопје, 17 јуни 2018

Денес, кога се потпиша договорот за решавање на спорот со името помеѓу Република Македонија и Република Грција, Движењето БЕСА има повод да им честита на премиерите Заев и Ципрас, како и на министрите за надворешни работи, Димитров и Коцијас, за овој успех со историски размери за нашата земјата. Иако ние, како Албанци, можеби би направиле некои поточни формулации во некои делови од договорот – а кои се однесуваат на етничките и јазичните идентитети во земјата, сепак кога се има во предвид дека овој договор е голем чекор за членство во НАТО и отворање на преговорите за ЕУ, ова можеби е нашиот компромис. Ако, со овој договор, Македонија и Албанците во неа се спасуваат од „ризичната“ и „огнената“ зона, ако се спречува можноста за дестабилизација, ако се создава безбедност, ако се отвораат патишта за економски развој и ако се воспостави правна држава, тоа е доволен материјал и етничките права на Албанците во иднина да се усогласат со европските стандарди. Најважно е што Македонија од денес тргнал на друг пат.

Втор важен момент за нас е фактот што Движењето БЕСА стана дел од парламентарното мнозинство и на владата токму за овие причини, кои денес се валоризираат. На овој историски чин ние бевме на страната на интеграцијата и стабилноста. Затоа, ние се гордееме што денес реализиравме еден дел од нашата должност кон нашите гласачи Албанци и кон другите граѓани на земјата. Најголемиот „колач“ за нас е веќе добиен – Македонија чекори сигурно кон НАТО. И, за разлика од некои други партии во минатото, кои подржуваа влади со оправдување „за НАТО“, ова кај нас не беше празно ветување, туку нешто со веќе станува реалност.

Трет важен момент е нашето барање, со новото државно име, да се делат етничките идентитети од државниот идентитет, што со овој договор е неминовно исполнето. Сега “Мацедониан” нема да биде државна припадност, туку само етничка припадност, а сите граѓани на земјата стануваат подеднакво исти – „граѓани на Република Северна Македонија“. Ова е во духот на платформата РЕДЕФИНИРАЊЕ на Движењето БЕСА, бидејќи на овој начин државата се деетнизира и од моноетничка се претовара во вистинска мултиетничка држава.

На крај треба да истакнеме дека за поздравување е и тоа што со овој договор не се загрозува етничкиот идентитет на македонскиот народ и на македонскиот јазик, бидејќи како што сме се изјасниле и порано – во ниту еден случај не би сакале, со ваквиот договор, нашите сограѓани да претрпат штети од тој тип.

Општо земено, Движењето БЕСА го поздравува договорот, кој не е историски само заради тоа што решил еден долгогодишен проблем, туку дотолку повеќе што отвора едно ново историско поглавје за нашата земја. Затоа ја користиме оваа прилика на сите Албанци и други граѓани во земјата да им го честитаме овој успех и да ги поканиме да се ангажираат во негова имплементација, бидејќи само на таков начин отвораме пат за кој ќе ни бидат благодарни и наредните генерации.

Движење БЕСА - Африм Гаши, претседател



Автор: Администратор
Објавено на: 18/06/2018 03:50