Претседателот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети го поздрави денешното потпишување на договорот за решавање на спорот за името меѓу Македонија и Грција.

- Го поздравувам денешното потпишување на долгоочекуваниот договор кој претставува исполнување на нашиот сон за целосно интегрирана Македонија во Европската унија и во НАТО. Работевме напорно и со голема посветеност да дојдеме до овој ден кога ќе се построиме на правилната страна на историјата, се вели во соопштението од ДУИ.

Според Ахмети, ова е вистинската одлука за заедничката иднина и за доброто на сите наши граѓани.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/06/2018 03:58