Скопје, 17 јуни 2018

Од денеска за Република Македонија и за Југоисточна Европа се отвара едно ново поглавје во историјата. Потпишаниот договор помеѓу Република Македонија и Република Грција, колку што е историски толку е и од голема важност за иднината на двете земји како и на регионот.

Потпишувањето на договорот помеѓу двете земји, претставува особена важност за надминување на деценискиот спор што го имаше Република Грција со нашето уставно име.

Демократската Партија на Турците на Македонија со внимание го следеше процесот на преговори за изнаоѓање на прифатливо решение која беше единствена пречка за членство во НАТО и за отпочнување на преговори за полноправно членство во ЕУ.

Демократската Партија на Турците на Македонија, имајки го во предвид содржината на овој договор, истиот констатира дека не се загрозени угледот, дигнитетот на граѓаните и сувереноста на Република Македонија. Исто така не ги нарушува долгогодишните билатерални и пријателски односи помеѓу Република Турција и Репубилка Македонија.

Врз основа на донесената одлука на денешната седница на Централен Управен Одбор на партијата, соопштуваме дека предлогот за промена на името во “Северна Република Македонија’’ e прифатливо за ДПТМ.

Со потпишувањето на овој договор сметаме дека ќе се забрза процесот кон Евроатланските интеграции и не се погазени горе споменатите ‘’црвени линии‘’на ДПТМ.

Со ова соопштение Демократската Партија на Турците на Македонија ја потврдува подршката кон премиерот Г-дин Зоран Заев и владата на Република Македонија.

Демократска партија на Турците на Македонија



Автор: Администратор
Објавено на: 18/06/2018 04:31