Соопштение до јавноста, реакција на соопштението на СДСМ кое се однесуваше на прес конференцијата на Димитар Димовски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ
Настаните вчера пред Собранието на Република Македонија се дел од смисленото сценарио на власта на Зоран Заев и СДСМ.
Власта вчера удри по својот народ и ниту едно клеветничко соопштение на СДСМ нема да го покрие тоа.
СДСМ треба да се извини што полицијата беше злоупотребена, а повредени се граѓани, возрасни луѓе, жени и деца.
СДСМ и Зоран Заев посакуваат насилство се со цел да им помине нивниот план за капитулација.
Додека Зоран Заев СДСМ ја деградираат Република Македонија и го продаваат уставното име свесно се обидуваат да го вовлечат ВМРО-ДПМНЕ во црно сценарио и насилство.
ВМРО-ДПМНЕ нема да пoтпадне на ваквото сценарио. Апелираме народот да не потпаѓа на провокациите кои ги прават инсталациите на власта и да не бидат злоупотребувани во нивните дневно политички цели.
ВМРО-ДПМНЕ останува со народот.
Ќе дојде времето кога секој што се огрешил кон државата и кон народот ќе одговара.
Зоран Заев ќе падне, а Македонија ќе победи.