ЕК финансира многу проекти за развој на напредни технологии, но тие се исклучително строг орган во однос на регулациите и често наметнуваат импресивни парични казни на најголемите компании. Комитетот за правни прашања на ЕК, познат како JURI, гласаше за нова законска промена, креирана за заштита на сопствениците на авторските права. Овој пакет мерки се нарекува „The Copyright Directive“ (Директива за авторски права) и веќе предизвика широк, но контроверзен одговор кај корисниците и експертите, објави „ДигиталТрендс“.
Многу критики за воведувањето на Директивата се поврзани со загриженоста за кршењето на слободата на интернет и забраната за поставување и дистрибуирање на одредена содржина. Директивата за авторски права бара интернет компаниите да инсталираат филтри за да спречат поставување на кој било материјал заштитен со авторски права. Ограничувањата воведени од Директивата се толку сериозни, што се заканува на слободното интернет-сурфање за милиони потрошувачи во земјите-членки.
Многу експерти, меѓу кои Тим Бернерс-Ли, како и основачот на Википедиа, Џими Велс се изјаснија категорично против воведувањето на т.н. „Член 13“ од Директивата. Причината е дека според прифатените во него формулации, секоја публикација која ја закачуваме во интернет ќе биде проверувана за кршење на авторските права. Според нив, многу луѓе дури и не сфаќаат што ќе се случи со слободата на изразување ако Директивата за авторски права навистина почне да ги регулира овие прашања. Директивата треба да биде одобрена од владите на 28 земји-членки.