Европскиот комесар Гинтер Етингер изјави дека сите земји членки на Европска унија треба да им помогнат на јужните соседи, каде пристигнуваат најголемиот број мигранти.
- Сметам дека цела Европа мора да покаже солидарност кон оние што се најмногу повредени - Грција, Малта, Кипар, Бугарија, Италија и Шпанија, истакна Етингер пред вонредниот мини самит за изнаоѓање на решение за прашањето на миграцијата, што ќе се одржи в недела во Брисел.
Еврокомесарот наведе дека состанокот во Брисел треба да биде „потсетник на патот кон европското единство“.
На состанокот на тема илегалната миграција, зајакнување на Договорот од Даблин и улогата на Фронтекс ќе учествуваат претставници од седум држави (Германија, Италија, Франција, Шпанија, Грција, Бугарија и Австрија) и претседателот на Европска комисија Жан-Клод Јункер.