Лидерот на главната турска опозициска Републиканска народна партија Кемал Киличдароглу изјави дека се забележани изборни нерегуларности во југоистчниот дел на земјата и упати апел до набљудувачите да „не забораваат дека се државни службеници“, а не „се во служба на политичка партија“.

Претседателот на турската Изборната комисија, Саид Гувен истакна дека се покренати „административни и кривични процедури“ против сторителите.

Претходно на социјалните мрежи беа објавени видео снимки на кои се гледа групно гласање во градот Суруџ, во провинцијата Санлијурфа.

Во Турција денеска се одржуваат претседателски и парламентарни избори. Во претседателската трка учествуваат шест кандидати: Реџеп Тајип Ердоган, Догу Перинчек, Мерал Aксенер, Мухарем Инџе, Селахатин Демирташ и Tемел Карамолаоглу.

Додека на парламентарните избори учествуваат осум партии обединети во две предизборни коалиции и уште три партии настапуваат самостојно.

Едната коалиција е Народна алијанса (или Републиканска алијанса) составена од владејачката Партија на правдата и развојот и Партијата на национално движење, а неофицијално е поддржана од Партијата на големо единство.

Другата коалиција е Сојуз за нацијата, составена од главната опозициска Републиканска народна партија , Добра партија и Партија на среќата, а неофицијално ги поддржува Демократската партија.

На изборите покрај партиите од двете големи коалиции учествуваат и други три партии - турската прокурдска Народна демократска партија и Татковинската партија и Партијата Худа-пар.

Во согласност со законските измени, турскиот Парламент ќе има 600 наместо 550 членови во иднина. Мандатот на претседателот и на пратениците е пет години.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/06/2018 16:36