Чешкиот претседател Милош Земан денеска најави дека рано следната недела ќе именува нова влада предводена од милијардерот Андреј Бабиш, за која се надева дека ќе стави крај на осуммесечната политичка нестабилност.

Бабиш, лидер на популистичката партиа АНО, која има најмногу гласови во Парламентот но е далеку од потребното мнозинство, постигна коалициски договор со Социјал-демократската партија. Претседателот Земан се спротистави на предлогот социјал-демократот Мирослав Поче да биде нов министер за надворешни работи, поради неговите недоволно јасни позиции во врска со мигрантското прашање, поради што се очекува ова место да остане непополнето одредено време.

Двете партии сепак немаат доволно гласови да добијат доверба во Парламентот, и ќе побараат поддршка од Комунистичката партија за да формираат малцинска влада. Бабиш рече дека нема да ги прифати барањата на комунистите за поизразено вртење на чешката надворешна политика во поддршка на Русија и подалеку од НАТО, за да ги добие нивните гласови.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/06/2018 16:41