Поголемо количество нафта се излеало денеска во Ротердам, каде се пробил трупот на танкер при вкотвување.

Од бродот Боу Џубаил истекле околу 220 тони тешка нафта, која се шири низ каналите на огромното холандско пристаниште. Од пристаништето велат дека чистењето на нафтата ќе трае со денови, а можеби и недели. Најмалку 1.000 птици веќе се прекриени со нафта.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/06/2018 03:06