Ветеранот Хавиер Маскерано е новиот аргентински селектор, пишува весникот „Кориере дело Спорт“.

Според изданието, поранешниот фудбалер на Ривер Плата, Вест Хем, Ливерпул и Барселона го определил составот за решавачкиот судир на „гаучосите“ од Светското првенство 2018 против Нигерија.

Ако тоа е вистина, тоа значи дека тренерот Хорхе Сампаоли сега е „безгласна буква“ во „албиселесте“.


СП 2018: Маскерано ги назначил стартерите за Аргентина против Нигерија

Маскерано, познат по прекарот „малиот шеф“, избрал тимот да игра во формација 4-4-2 против „суперорлите“, а новинарот на „Кориере дело Спорт“ во Русија вели дека тој дури и ги назначил стартерите за натпреварот.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/06/2018 23:02