Организацијата на потрошувачите на Македонија денеска ќе промовира брошура изработена во рамки на проект за запознавање на потрошувачите со колективната заштита на нивните права и ќе претстави наоди од изработениот документ за политики во областа.

Активностите се финансирани преку проектот „Развој на колективната заштита на потрошувачите во Југоисточна Европа“, спроведен од Германското друштво за интернационална соработка (GIZ), Отворен регионален фонд за Југоисточна Европа-Правна реформа по налог на Сојузното Министерство за економска соработка и развој на Германија (BMZ).

Целта е да се поттикне заедничка акција и соодветни активности од сите заинтересирани страни и надминување на ограничувањата за ефикасно спроведување на колективна заштита на правата на потрошувачите.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/06/2018 10:42