Товарно возило комби се превртело на патот Градско-Прилеп меѓу селата Камен Дол и Сирково. Заради утврдување на евентуални повреди, возачот и совозачот биле пренесени во кавадаречката општа болница.

Портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски за МИА информира дека сообраќајот се одвива по една лента.

Во тек е увидот на местото на несреќата.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/06/2018 17:26