Светското првенство во фудбал и големиот број на навивачи од целиот свет, кои дневно пијат огромни количини пиво, предизвикаа недостиг на овој напиток во Русија.

Прва, која уште во понеделникот испрати 20 камиони со пиво, е пиварата „Егер“од Австрија.

- Испорачавме 840.000 лименки или 420.000 литри пиво во Русија, е наведено во соопштението од пиварата.

Според директорот за продажба и маркетинг на „Егер", Бернхард Посер, ова е добра можност за нивниот бренд, бидејќи Русија е важен пазар и воедно се надева дека нивните производи ќе ги пробаат навивачи, кои доаѓаат од различни делови на светот.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/06/2018 00:35