Следниот модел во серијата „Ел Џи В“ (LG V), кој ќе биде објавен во текот на годината, ќе има пет камери, според извор на „Андроид полис“ (Android Police).

Сепак, барем една од двете предни камери (веројатно и двете) ќе се користи за препознавање на лицето преку создавање на 3Д мапа на лице. Ова ќе биде можно благодарение на позицијата на камерите - како и при визијата кај човекот, тие ќе можат да снимаат стерео слики.

Според сајтот, главната тројна камера ќе вклучува сензори со стандардна оптика и широка оптика, но досега нема податоци за третата функција на сензорот.

Уредот ќе понуди „исечен“ (од крај до крај) дисплеј (не е јасно дали ќе биде ЛЦД или ОЛЕД), а исто така ќе има дизајн како Г7 ТинКју (G7 ThinQ).

Очекуваме уште „Снепдрегон 845“ (Snapdragon 845), „Квад ДАЦ“ (Quad DAC) за подобрен звук, специјално копче за активирање на „Гугл асистент“ (Google Assistant) и сензор за отпечатоци на задната страна.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/06/2018 00:57