Репрезентацијата на Уругвај е вториот четвртфиналист на Светското фудбалско првенство, откако вечерва во Сочи ја совлада Португалија со 2:1.

Ова значи дека најдобриот светски фудбалер Кристијано Роанлдо нема да има шанса да се бори за трофејот. Претходно во текот на денот и за Лионел Меси заврши Мундијалот по поразот на Аргентина од Франција.

Така, во четвртфиналето нема д аги гледаме двајцата најдобри играчи во последната деценија.

А виновник за елиминацијата на Роналдо е Едисон Кавани кој вечерва ги постигна двата гола за уругвајскиот национален тим. Голот за Португаклија беше дело на Пепе.

Во четвртфиналето Уругвај во петок на 6 јули, во Нижни Новгород ќе игра против Франција.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/07/2018 05:26