Натпреварот со Франција беше последен за еден од најискусните играчи на Аргентина, Хавеир Маскерано.

Тој по поразот од „триколорите“ во осминафиналето на Мундијалот, објави дека се повлекува од репрезентацијата.

- Од овој момент јас сум само обичен навивач на Аргентина и се надевам дека момците ќе можат да направат нешто во блиска иднина, изјави 34-годишниот фудбалер.


Маскерано: Отсега сум само обичен навивач

Маскерано забележа 147 настапи за Аргентина, има две олимписки злата, но загуби пет големи финалиња, едно на СП и четири шампионати на Јужна Америка.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/07/2018 19:28