Се поизвесно е дека најдобриот светски фудбалер Кристијано Роналдо ќе го напушти Реал Мадрид.

Според шпанска „Марка“ италијанскиот шампион Јувентус е најсериозен во намерата да го ангажира Португалецот и за таа цел подготвува 120 милиони евра за четири сезони.

Како што се наведува во текстот, Јувентус сака да направи со кој конечно ќе стигне до трофејот во Лигата на шампионите.

Се шпекулира дека преговорите меѓу двете страни се почнати и дека одат во добар правец за „Старата дама“.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/07/2018 10:47