Лука Модриќ и натаму ќе ги изведува пеналите за Хрватска, одлучи селекторот Златко Далиќ.

- Лука е водач на овој тим и тој останува прв изведувач на пеналите. Точно дека против Данска го промаши ударот од белата точка во финишот на натпреварот и не шутна баш најдобро во пенал-серијата, но важно е дека тогаш погоди. Пред пеналите му реков дека не смее да падне психолошки и дека треба да остане силен. Знаме дека му беше многу тешко, но успеа. Неговиот гол беше поттик за останатите, рече Далиќ.

Хрватска в сабота (7 јули) во четвртфиналето на Мундијалот ќе игра со домаќинот Русија.

Евентуална победа на овој дуел, за „коцкестите“ ќе значи и повторување на успехот од СП 1998 година во Франција кога стигнаа до полуфиналето.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/07/2018 12:22