Пред органите на ВМРО-ДПМНЕ ќе предложам да изработиме закон за амнестија на осудените лица од настаните од 27 април во Собранието на РМ, истакна вечерва лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на ТВ Телма.

Откако ќе ја добие партиската поддршка, Мицкоски рече дека законот ќе биде предложен и до Собранието, а лично тој ќе побара поддршка и од пратеникот Зијадин Села.

- Ова е класично политичко дело и политичка пресуда - 81 година затвор за луѓе кои го спроведуваа редот, да им се даде драконска казна, а на слични такви дела им се дава по една година. Не можам за ништо друго да поверувам, туку дека станува збор за дела кои имаат политичка мотивираност и токму поради тоа ќе побарам да се изработи еден ваков закон, истакна Мицковски.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/07/2018 01:18