Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски вечерва изјави дека партијата ќе чека да види дали ќе има референдум, кое ќе биде референдуското прашање и кои ќе бидат чекорите на власта, а потоа ќе реши дали ќе учествува на референдумот.

На гостувањето во емисија на телевизија „Телма“, Мицковски рече дека се уште не е јасно дали ќе има референдум бидејќи Законот за избор на Државната изборна комисија истекол на 29 јуни, а ДИК е потребна за да се одржи референдумот.

- Јас не знам како премиерот Заев планира да го распише тој референдум кога за тоа е потребно најпрвин да имаме формирано ДИК, рече Мицковски.

Тој уште еднаш повтори дека договорот за името е спротивен на државните и националните интереси на Македонија.

Мицковски рече дека кога ќе го консолидира ставот во партијата, ќе каже како тие би го решиле прашањето со името, односно тоа ќе го каже кога ќе дојдат на власт, но додаде дека можело да се најде многу подобро решение од сегашното.

Прашан за непотпишувањето на Договорот од страна на претседателот Ѓорге Иванов, Мицкоски со став дека тој е последниот браник на заштитата на Уставот и оти постапува како секој којшто си ја сака државата.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/07/2018 01:22