Претседателот Иванов постапи правилно и државнички, патриотски. Она што некој друг не успеа да го заштити, претседателот Иванов успеа да го заштити, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ во „Топ Тема“ на Телма Телевизија.

– Претседателот Иванов е последниот браник на заштита на Уставот на Република Македонија. Се заколнал пред истиот, бил избран од 538.000 граѓани дека ќе го штити Уставот на Република Македонија. Претседателот Иванов постапи онака како што треба секој родољуб кој што си ја сака државата и кој што се грижи за државните и националните интереси, истакна Мицкоски.

Тој потенцираше дека претседателот Иванов кога го врати законот за договорот со Грција во Собранието даде сериозни и аргументирани забелешки зошто го враќа и не го потпишува.

На прашањето дека професорот Шкариќ пишувал дека претседателот Иванов ќе постапел против Уставот ако не го потпише договорот, Мицкоски посочи дека кога веќе тој професор коментира дали постапките на Иванов се уставни или не, тогаш би сакал да слушне како ќе ги коментира кршењето на Уставот, законите и процедурите во Собранието на Република Македонија.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/07/2018 01:28