Има извештај од ГРЕКО на нивната седница Македонија добива незадоволителна оценка за реформите во судството од аспект на превенција на корупција во јавните установи, во Парламентот, во обвинителството, помеѓу судиите. Истиот извештај го има и на нивната веб страна, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во емисијата „Топ Тема“ на Телма телевизија.

– ГРЕКО за прв пат откако Македонија е членка на таа организација дава незадоволителна оценка и никому ништо. Ние веќе навикнавме на лоша ситуација во економија, немање реформи во образование, во социјалата здравството, вели Мицкоски.

Тој потенцираше дека состанокот на ГРЕКО е во мај или јуни оваа година го опфаќа периодот од една година кога оваа влада е избрана и она што е раритет во случајот што за прв пат од 2000 година за прв пат имаме ваков извештај.

Мицкоски истакна дека не постои друга земја каде премиерот води тело за реформи во судството, а членовите од комисијата кој дадоа оставки изјавија дека не прифаќаат да фингираат реформи туку ако сакаме да го реформираме судството прифаќаат суштински реформи, а тоа што им се сервираше беше далеку од тоа.

– И тогаш се појавува јунакот и вика јас ќе застанам на чело на ова тело и ќе го реформирам. И резултатот на тоа е во извештај. Од ГРЕКО викаат не само што не го реформиравте, туку го уназадивте, нагласи Мицкоски.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/07/2018 01:50