Орце Ѓорѓиевски, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во денешното негово гостување во емисијата Алфаплус на ТВ Алфа нагласи дека договорот кој го потпиша актуелната власт на СДСМ за промена на уставното име на Република Македонија не претставува договор туку капитулација на државата и на граѓаните.
Ѓорѓиевски потенцираше дека ВМРО-ДПМНЕ е партија која е секогаш на браникот на зачувување на националните и државните интересите, посочувајќи дека ВМРО-ДПМНЕ во наредниот период ќе ги искористи сите демократски средства за да спротивстави на капитулантскиот договор.
Коментирајќи ги поднесените кривични пријави кои ги поднесе ВМРО-ДПМНЕ за сите кои ги прекршија Уставот, законите како и деловникот на Собранието, Горѓиевски нагласи дека еден дн со враќање на правната држава во Македонија ќе има одговорност за ваквите незаконски постапки, додавајќи дека овие кривични дела никогаш не застаруваат.
Според него СДСМ дојде на власт недемократски така и продолжува да работи незаконски и недемократски, потенцирајќи дека не верува дека СДСМ ќе запре со притисоците врз Претседателот на републиката Иванов, кој одбива да го потпише договорот и за кој смета дека никој нема такво право бидејќи тој е за да го штити Уставот и интересите на граѓаните а не да го менува и да работи спротивно на интересите на граѓаните на Македонија.
Ѓорѓиевски додаде дека ставовите на Заев во континуитет се менуваат, додавајќи посочувајќи дека тоа е недозволиво за премиер на влада да има такво однесување.
За вчерашната пресуда на седумте обвинети од случајот напад врз Села на крвавиот четврток Ѓорѓиевски рече дека вистинските криминалци се пуштаат на слобода, додека чесни патриоти кои единствено што сакаат е Македонија се затвораат. Тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе закон за амнестија за настаните од 27-ми април.
На крај Ѓорѓиевски најави топло лето за ВМРО-ДПМНЕ, нагласувајќи дека партијата ќе формира тимови кои ќе ги посетат сите градови, населено место и ќе ги слушаат проблемите и потребите на граѓаните.