Недозволиво е македонските граѓани да дознаваат од грчките медиуми кое ќе биде референдумското прашање. Недозволиво е Заев да ги информира сите, само македонските граѓани не.

Зоран Заев е човек кој нема став. Зоран Заев е човек кој има еден став претпладне, друг попладне, а трет навечер. Зоран Заев е човек на кого не може да му се верува.

Зоран Заев се колнеше и ги убедуваше граѓаните дека нема да прифати промена на Уставот на државата, сега гледаме дека прифатил. Зоран Заев е човекот кој ветуваше дека нема да прифати променана идентитетот и јазикот сега видовме дека прифатил.

Зоран Заев вчера јавно се откажа од Македонија, од македонската нација, македонската историја и од Македонците во Егејска Македонија. Заев докажа дека не работи за македонските национални и државни интереси ниту за македонските граѓани, туку единствено за да ги задоволи грчките националистички барања.

На Република Македонија не и е потребен премиер како Заев кој работи спротивно на националните и државни интереси. Зоран Заев мора да падне за Македонија да оди напред. Република Македонија и граѓаните заслужуваат подобро. Македонија ќе победи.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/07/2018 18:12