Повеќе од 12 години, ВМРО-ДПМНЕ во јавните настапи, во програмите, тврдеше дека за секое постигнато решение за спорот со Грција граѓаните ќе имаат можност да се изјаснат на референдум.
Денес, кога Договорот е постигнат, а одржувањето на реферндумот е извесно, ВМРО-ДПМНЕ ги менува ставовите и целосно е нејасно кој е нивниот став.
Таквото дејствување на ВМРО-ДПМНЕ е неодговорно, антидржавничко и спротивно на интересите на државата и граѓаните.
ВМРО-ДПМНЕ нема став, нема изградено политики на делување, едно зборува а друго прави.
За разлика од ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски, СДСМ и претседателот Заев имаат изградени политики, ставови и мислења за кои јавно и отворено зборуваат пред граѓаните, како што личи на секој одговорен политичар. Тоа се однесува и за размислувањата и отворените можности за формулација на реферндумското прашање, кое ќе биде составено преку поширока вклученост на јавноста.
ВМРО-ДПМНЕ да не ја кочи македонската иднина.
Наместо да шири лажни вести и невистини за постигнатиот Договор што го штити македонскиот идентитет и ја обезбедува македонската иднина, ВМРО-ДПМНЕ да излезе и да ги повика членовите на реферндум.
Волјата на граѓаните изразена на референдумот е конечна и обврзувачка за сите.