Европските активисти во Брисел одржаа марш против доаѓањето на американскиот претседател Доналд Трамп на Самитот на НАТО, што е закажан за 11 и 12 јули.

На маршот „Трамп не е добредојден“ присутните барале издвојување на помали суми за воени цели, а повеќе трошење на јавни пари за училишта и почисти извори на енергија.

Како што претходно јави МИА, Трамп бара од земјите членки на Алијансата да ги зголемат воените буџети.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/07/2018 20:30