Лаура Кодруца Ковеши, по указот на романскиот претседател Клаус Јоханис, со кој ја отстрани од раководната функција во Националната дирекција за борба со корупцијата (НДБК), на денешната прес-конференцијата рече дека во моментов нема политичка волја за независно правосудство.

Ковешни им порача на граѓаните дека корупцијата може да биде поразена.

- Корупцијата може да биде поразена, не се откажувајте, изјави таа на прес-конференцијата.

Претседател Клаус Јоханис денеска потпиша указ за отстранување од функцијата на главната обвинителка против корупцијата, Ковеши по решение на Уставниот суд од мај.

- Одлуките на Уставниот суд треба да бидат почитувани во држава, која го почитува владеењето на правото. Претседателот издаде указ за отстранување на главниот обвинител од функцијата, изјави портпаролката на претседателот Мадалина Доброволски.

Министерот за правда, Тудорел Тодер, побара отстранување на Ковеши во февруари, велејќи дека ги надминала нејзините овластувања и го оштетила имиџот на земјата во странство. Неговото барање собра илјадници демонстранти на улиците, кои го кренаа гласот против корупцијата.

Ковеши е на чело на НДБК од 2013 година, а претходно беше јавен обвинител на Романија. Под нејзино раководство, НДБК достигна голем број осудителни пресуди за корупција на лица на високи државни функции и доби пофалби од ЕУ, која го набљудува романскиот правен систем. Ковеши рече дека повеќе нема да работи во НДБК, но ќе остане обвинител.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/07/2018 14:31