Еден ден пред да замине на самитот на НАТО, американскиот претседател Доналд Трамп повторно ги повика сојузниците и го повтори своето барање за зголемување на нивните трошоци за одбрана.

- САД трошат повеќе за НАТО од која и да било друга земја. Тоа не е фер, ниту е прифатливо, напиша Трамп на Твитер.

Тој утре заминува на среба на Алијансата што ќе се одржи во среда и четврток во Брисел.

- Иако го зголемија својот придонес откако станав претседател, тие треба да направат повеќе, додаде тој, повторувајќи дека Европа има поголема корист од НАТО отколку САД.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/07/2018 23:12