Продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари се пониски за еден отсто на месечно ниво, а се повисоки за 0,8 отсто на годишно ниво, објави Државниот завод за статистика.

Во мај 2018, во споредба со април 2018 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари се повисоки во секторот Рударство и вадење камен за 0,2 отсто, а во секторот Преработувачка индустрија се пониски за 1,1 отсто.

Во мај 2018, во споредба со мај 2017 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари се повисоки во секторот Рударство и вадење камен за седум отсто, а во секторот Преработувачка индустрија за 0,2 отсто.

Државниот завод за статистика објави дека продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно се пониски за 0,4 проценти на месечно, а се повисоки за 0,7 отсто на годишно ниво.

Во мај 2018, во споредба со април 2018 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се пониски во секторот Преработувачка индустрија за 0,5 отсто, а се повисоки во секторот Рударство и вадење камен за 0,2 отсто и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0,6 отсто.

Во мај 2018, во споредба со мај 2017 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки во секторот Рударство и вадење камен за 0,4 отсто и во секторот Преработувачка индустрија за 0,9 отсто, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација се пониски за 2,3 отсто.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/07/2018 15:19