Соопштение до јавноста - реакција изјавата на Работната група за преиспитување на општествената и стручната оправданост на постоењето на Музеј на македонската борба за државност и самостојност
ВМРО–ДПМНЕ, најостро се спротивставува на паушалнотo и дилетантско толкување на македонското културно историско наследство од актуелната власт. Република Македонија од осамостојувањето денес сведочи за најбескрупулозната идеолошко - политичка пресметка со науката и современата научна мисла.
Манипулацијата и извртувањето на елементарните објективни факти за и во постоењето на еден од најуспешните музеи во Република Македонија, НУ„Музеј на македонската борба за државност и самостојност“„Музеј на ВМРО“ „Музеј на жртвите од комунистичкиот режим“ или скратено Музеј на македонската борба, се само уште еден очаен обид да ги оправдаат безумните капитулантски политики на Владата и уште еден чекор во антидржавните политики докажано со бришењето на името, јазикот и идентитетот, а сега и со бришењето на историјата.
Историска поставка во Музејот на македонската борба е резултат на 75 годишните проучувања на македонската историска наука. Историската поставка во Музејот на македонската борба е создадена од четири еминентни универзитетски професори, историчари, специјалисти за 19 и 20 век. Истата поставка, по нејзиното конципирање е потврдена и од поголема група универзитетски професори од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Македонската академија на науките и уметностите и Институтот за национална историја. Поставката е модерна, научно поткрепена и мултимедијална презентација на историјата на македонскиот народ и сите заедници кои живеат во Република Македонија, препознаена од најеминентни европски музеолози и стручњаци од Европската Музејска Академија, кои на музејот му доделија Специјална награда за достигањата и ентузијазмот во зачувувањето на локалната историја и култура во 2013 година.
Потврда за успешноста и квалитетот на поставката се и 250.000 посетители од над 120 земји од светот и преку 20.000 потписи во книгите за впечатоци. ниту еден од 250.000 посетители, до сега немал забелешки на постановката, ниту пак некој од нив се пожалил дека поради поставените сцени во постановката почувствувал или пак му била предизвикана било каква вознемиреност. Последното е само потврда на ставот на ВМРО-ДПМНЕ дека работната група за ревизија во која има само еден историчар со недоволни референци, е целосно некомпетентна да оценува ваква историска поставка.
ВМРО-ДПМНЕ посочува во блиска иднина постапките на членовите на работната група за ревизија на Музејска дејност и нивните наредбодавци ќе бидат предмет на ревизија и истрага а секоја незаконитост ќе биде кривично процесирање согласно степенот на уништувањето на материјалните и нематеријалните културни добра на Република Македонија.
Македонија ќе победи. Крајно време е СДСМ да биде сопрен во штетите кои што ги предизвикува на Република Македонија.