Тренерот на Наполи, Карло Анчелоти, сака да го зајакне својот тим со играчот на Челзи, Францеск Фабрегас, објави „Спорт Медијасет“. Според информациите, Анчелоти го искористил своето патување до Москва пред десетина дена, за да се сретне лично со Фабрегас, кој во тоа време исто така беше во руската престолнина. Двајцата биле видени како вечераат заедно во елитен московски ресторан. Анчелоти разговарал со Фабрегас за условите под кои шпанскиот фудбалер би се согласил да премине во Наполи. Цеск е еден од фудбалерите со најголема плата во Челзи во моментов. Од Наполи се уште официјално не започнале преговори со Челзи за шпанскиот фудбалер.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/07/2018 16:43