Европската Народна Партија при парламентарното Собрание на ОБСЕ усвои изјава со која се осудува насилството, кршењето на Уставот, законите и процедурите при нелегалното апсење на пратениците со цел нивно лишување од слобода, со уште постоечки имунитет.
ЕПП ја нотира нехуманоста и нечовечкиот пристап на полицијата која во раните утрински часови со примена на прекумерна сила извршила упад во домовите на пратениците.
Во прилог ви ја пренесуваме преведената верзија на документот и оригиналот:
ЕПП и Групата во парламентарното Собрание на ОБСЕ која размислува слично даде изјава за тековната состојба во Македонија во врска со пратениците кои се притворени или се наоѓаат во домашен притвор.
ЕПП и Групата во парламентарното Собрание на ОБСЕ која размислува слично ја изразуваат својата загриженост за вознемирувачките и загрижувачки информации дека специјалните полициски сили на владата спровеле рации во домовите на шест парламентарци и дека пратениците биле уапсени и притворени од страна на полицијата без укинување на нивниот имунитет минатиот ноември во 2017 година. Упаѓањето во домовите на парламентарците и вршење рации во раните утрински часови и заплашување на цели семејства, вклучувајќи ги и малите деца и старите членови на семејството во семејствата на пратениците испраќа погрешна порака до целата земја и до целото општество.
Негативната порака и сигналот е испратена, дека полициските сили не ги следат правните и уставните процедури, кои јасно велат дека пратениците не можат да бидат притворени, уапсени или затворени, без да им се укине имунитетот. Повикуваме да се изврши постапка за надзор и да следува одговорност кога ќе се докаже кршењето на гореспоменатите процедури.
Ние ја изразуваме својата загриженост поради неколкумесечниот притвор на пратениците, што значи дека тие беа спречени да учествуваат во работата на Собранието на Република Македонија. За жал, таквата пречка за нивното парламентарно работење и натаму постои, а овие парламентарци кои сé уште се во домашен притвор, не можат да ги претставуваат нивните гласачи како избрани претставници во парламентот избрани од народот.
Ние изразуваме загриженост за употребата на зборот „тероризам“ во обвиненијата против пратениците. Обвиненијата за „тероризам“ се премногу сериозни за да бидат широко користени и треба да се користат внимателно и во јасни случаи и да не се злоупотребуваат во политички спорови и како политички инструмент за политички прогон против политичката опозиција и политичките конкуренти.
ЕПП и Групата во парламентарното Собрание на ОБСЕ која размислува слично, повика на прекин на притворот и домашниот притвор на парламентарците. Местото на пратениците е да ги застапуваат своите гласачи во Парламентот, без страв од политички последици.
ЕПП и Групата во парламентарното Собрание на ОБСЕ која размислува слично, бара од националните влади на ОБСЕ да ги испитаат овие прашања и моменталната ситуација и околностите во Македонија, бидејќи владеењето на правото и слободата од политички прогон е од суштинско значење за секоја демократија.