Комплексни молекуларно - генетички експертизи потврдија дека остатоците кои во 1993 и 2007 година беа откриени во близина на рускиот град Екатеринбург се на поранешниот император Николај Втори, членови на неговото семејство и луѓе од нивното опкружување, соопшти Истражниот комитет на Русија.
На 17 јули се навршуваат сто години од обиството на царското семејство во Екатеринбург.
Седум од вкупно 11 откриени фрагменти одговараат на семејната група - мајка, татко, четири ќерки и еден син. Споредбата на генетичките профили од коскените остатоци со примероци земени од живи роднини на семејството Романови и по таткова и по мајчина линија потврдуваат дека остатоците му припаѓаат на Николај Втори и членови на неговото семејство, стои во извештај на Федералната истрага.
Истражниот Комитет ќе ја затвори истрагата за случајот откако ќе добие податоци од последните четири експертизи меѓу кои се и документи од странски архиви кои биле собрани во последните 18 месеци.