Поранешниот селектор на ракометната репрезентација на Македонија, Илија Темелковски кој во минатата сезона со успех ја водеше првата екипа на Еурофарм Работник нема да го води тимот во новата сезона.

Ракометниот стручњак е назначен за стручен координатор и советник во клубот.

- Раководството на клубот е убедено дека Илија Темелковски со успех ќе ја извршува и новата функција во клубот и ќе придонесе за уште подобри резултати на сите наши екипи, се вели во соопштението на битолскиот тим.

Со Темелковски на чело, Еурофарм Работник се избори за учество во ЕХФ Купот и играше за Суперкуп титулата.

РК Еурофарм Работник наскоро ќе го именува новиот тренер на сениорската екипа, а најверојатно се работи за стратег од странство.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/07/2018 15:08