ЖРК Металург го доби својот противник во првото квалификациско коло од ЕХФ Купот. Вицешампионките на Македонија ќе имаат тежок предизвик против француски тим Иси Париз.
Противникот на нашите ракометарки има големо искуство во настапите во европските натпреварувања. Во својот состав, меѓу другите, ги има Норвежанката Хана Бреда Офтедал, Австријката Соња Фреј, Романката Крина Пинтеа итн.
Првиот натпревар на програмата е на 8/9 септември, а реваншот се игра седмица подоцна.
Доколку Металург го надмине тимот од Париз, во второто коло повторно ќе се соочи со француски тим - Нант.