Женскиот ракометен клуб „Пелистер“ денеска во Виена го доби својот противник во третото коло на Челинџ Купот.

Битолскиот тим беше носител пред денешниот ждреб и за противник го добија „Ла Сале“ од Малта, кој е дебитант во европските купови.

Првиот натпревар, тимот од Битола ќе го игра на гости на 10 или 11 ноември, додека реваншот ќе биде седум дена подоцна.

Ракометарките на ЖРК Куманово, пак, ќе го стартуваат годинашното издание на Челинџ Купот против холандскиот тим „Геониус“. Првиот натпревар ќе се игра во истиот период во ноември.

Доколку ги мине Холанѓанките, екипата на Куманово, која минатата сезона заврши на четвртото место во Женската лига, ќе се пласира во осминафиналето на европското натпреварување.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/07/2018 13:37