Возачот на Мекларен, Фернандо Алонсо, смета дека Формула 1 ќе стане помалку атрактивна доколку организаторите во иднина одлучат со поени да ги наградуваат најбрзите 20 возачи на трката.

Во Формула 1 веќе се разгледува опцијата наместо досегашните десет, поени да добиваат првите 20 возачи кои ќе поминат низ целата.

- Во Формула 1 секогаш било тешко да се дојде до бодови. Тие се како награди за најбрзите. Доколку сите ја имаат таа можност ќе се загуби тоа посебно чувство, што всушност ја прави Формула 1, истакна Алонсо.

Следната трка се вози за Големата награда на Германија и на програмата е на 22 јули.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/07/2018 01:30