СВР Скопје до надлежното Основно јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава против лицето А.Љ. (32) од Скопје, поради основи на сомнение дека во временскиот период од месец мај, јуни и јули годинава сторил кривичнo делo “измама“, предвидено и казниво по член 247 од КЗ. Од страна на Судија од претходна постапка нему му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена .

Имено пријавениот со намера за себе да прибави противправна имотна корист, со лажно прикажување на факти како ополномoштено лице со полномошна и двете заверени на нотар а дадени од страна на лицето М.А. како управител на правните лица “ИТАЛ ЦЕРАМИК“ ДОО од Скопје и ДПТУ „МЕТ ТРЕЈД“ ДООЕЛ од Скопје довел во заблуда односно измамил 17 лица, правејќи обврски (набавки) во име на посочените фирми, иако знаел дека двете фирми не ќе можат да ги подмират нарачаните набавки, и да ја платат купената стока и услуги. Притоа, истовремено при добивањето на полномошната А.Љ доставил податоци од лична карта што тој претходно веќе ја пријавил за изгубена.

Сите 17 кривичните дела А.Љ. ги извршил на идентичен начин. Така, во својство на полномошник на правните лица ги навел оштетените да склучуваат и потпишуваат Договори за купопродажба на половно моторно возило кај нотари во Скопје, а договорениот износ не им го платил. Исто така договорите за купопродажба на патничките возила пријавениот не ги евидентирал сметководствено во правните лица во чие име и за сметка како полномошник ги купил возилата, не прикажал обврски за плаќање по однос на склучените договори. Спротивно од тоа А.Љ. истиот ден или наредните денови, по склучување на договорите, веднаш ги препродавал возилата како полномошник на правните лица со склучување и заверување на нотарски договори за купопродажба на моторни возила со други физички лица како купувачи.

Примените парични средства од продажбата на возилата не ги прокнижил во сметководството на правните лица туку ги присвоил за себе, наедно оневозможувајќи им на оштетените лица на кои не им го платил договорениот купопродажен износ за возила да поведат постапка за раскинување на договорите за купопродажба на возилата поради неисплаќање на договорниот износ. Со овие измами А.Љ. се стекнал со противправна имотна корист од 4.733.700 денари.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/07/2018 03:25