Жозе Мурињо изјави дека Манчестер Јунајтед се уште не е тим по второто последователно реми во САД - 0:0 со Сан Хозе.

Португалецот сепак во типичен стил го опиша дуелот како уште еден тренинг и не оддаде никакво значење на резултатот, иако не беше особено задоволен од разврската.

- Ние не сме тим. Засега сме група играчи од различни тимови. Некои од момчињата се од првиот состав, но ќе бидат дадени на заем, други се од младинскиот тим. Немаше начин како да играме подобро и тоа беше само уште еден тренинг, изјави Мурињо.

Разликата со дуелот со Клуб Америка беше дека Алексис Санчез беше на линија за „црвените ѓаволи“ и беше во стартниот состав, откако се приклучи подоцна кон тимот поради проблеми со визата.

- Тоа беше добро за Алексис. Тој имаше потреба од сличен натпревар и направи добар напор, претежно на физички план, нешто што му е потребно сега. Задоволен сум од презентацијата на Андреас Переира, додаде тој.

Лошата вест за Јунајтед е повредата на Луис Антонио Валенсија, кој ја напушти играта по само седум минути поради проблеми со мускулот на ногата. Следниот натпревар на Јунајтед е против Реал Мадрид в среда вечер.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/07/2018 10:59