Извлекувањето на двојките за натпреварувачката сезона 2018/19 од Првата македонска фудбалска лига ќе се одржи на 01. август 2018 (среда) со почеток во 12:00 часот во „Куќа на фудбалот“, соопштија денеска од Фудбалската Федерација на Македонија.

Оттаму додаваат дека почетокот на натпреварувачката сезона 2018/19 се презакажува за 12-ти август 2018 (недела), поради комплетирање на документацијата во процесот за лиценцирање на клубовите за претстојната сезона.

Од ФФМ упатија покана до сите клубови со свој претставник да го проследат извлекувањето на паровите за новата натпреварувачка сезона.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/07/2018 15:12