Белата куќа ќе објави денеска детали за обнова на санкциите кон Иран по наредба на претседателот Доналд Трамп, изјави државниот секретар Мајк Помпео.

- Тоа е важен дел од нашите напори за отпор кон штетните потези на Иран, изјави Помпео.

Претставник на Министерството за финансии најави дека санкциите ќе стапат во сила одново во 12 часот по локално време во Вашингтон. Во мај Трамп ги повлече САД од договорот меѓу големите сили и Иран, со кој санкциите кон Техеран беа укинати во замена за ограничувања во нуклеарната програма на Иран.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/08/2018 10:16