Две девојки починале од предозираност со дрога за време на фестивалот Tomorrowland, еден од најголемите фестивали за електронска музика во светот, јавува белгискиот јавен сервис ВРТ, но информацијата не е потврдена ниту од организаторите на фестивалот, ниту од властите.

Едната девојка починала за време на првиот викенд, а втората следниот, јавува ВРТ повикувајќи се на два одделни извори, но без официјална потврда. И двете конзумирале екстаси, според информациите на новинарите.

Федералната полиција на Белгија вели дека борбата против шверцот со дрога на фестивалот е приоритетен и дека не толерира никакви исклучоци.

На фестивалот оваа година 63 лица кои продавале дрога се фатени на дело, меѓу нив се Романци, Холанѓани, Германци, Канаѓани, Норвежани, Бразилци, Швајцарци, Израелци и Австралијанци. 430 лица се приведени и истерани од фестивалот, вели полицијата.

Tomorrowland е еден од најголемите музички фестивали на свет и претставува крупен предизвик за безбедносните сили во Белгија.

Минатата година 400.000 луѓе од 200 земји го посетија фестивалот.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/08/2018 10:31