Во Буџетот на Република Македонија има одлична наплата на приходите со реализација од 47 проценти од планираното, а буџетскиот дефицит е 0,7 проценти или една четвртина од проектираниот.

Ова го истакна заменик-министерката за финансии Ширет Елези одговорајќи на новинарски прашања, додавајќи дека се прават напори да се рализираат капиталните инвестиции и доколку има потреба ќе се направи ребаланс, за што во Министерството за финансии имаат одредени анализи.

- Правиме напор и сите институции ги притискаме да ги реализираат капиталните инвестиции во наредниот период. Затоа правевме и одредени анализи, ако има пореба ќе се прави ребаланс на буџетот за да ги прераспределиме таму каде има потреба од буџетските корисници за да се реализираат, истакна Елези.

Во врска со обвинувањата за задолжувањето, заменик-минисерката рече дека заклучно со 2016 година јавниот долг учествуваше со 48,5 поценти од БДП или 4,7 милијади евра и оти на крајот на 2017 година вкупниот јавен долг е намален на 47,2 проценти од БДП.

- На почетокот на 2018 година или само во јануари МФ исплати над 200 милиони евра долг преземен од претходните години, односно исплати кредит земен во 2013 година од 95 милиони евра, а исто така предвреме е исплатена обврзница, изјави Елези и додаде дека од 2008 до 2016 година долгот двојно се зголеми или од 23 проценти од БДП достигна до рекордни 48,5 проценти од БДП.

Во однос на вчерашното задолжување и запишаната повисока сума на државни хартии од вредност, посочи дека на почеток на јули на аукцијата е запишана многу помала сума од она што требало да се исплати.

- На почетокот на јули се задолживме 10 милиони евра, а вративме 12 милиони. Тоа е делот што зависи од рочноста и структурата на хартиите од вредност. Ако во 2012 година структурата на портфолиото на државните хартии од вредност беа 93 проценти краткорочни, и само седум долгорочни, сега 60 се долгорочни и 40 краткорочни и со тоа го избегнвуаме ризикот за рефинансирање, изјави заменик-министерката за финансии Ширет Елези.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/08/2018 13:20