Берлин и Мадрид постигнаа билатерален договор за враќање на некои имигранти кои пристигнуваат во Германија назад во Шпанија, соопшти портпаролката на германското Министерство за внатрешни работи.

Владата на канцеларката Ангела Меркел бара такви договори со колегите од членки на Европската унија, со цел да се избегнат унилатерални одлуки за спречување влез на имигранти на границите на Германија.

Даблинските правила на Унијата предвидуваат дека мигрантите мора да бидат вратени во земјата-членка на ЕУ во која првично се регистрирани. Тие правила беа укинати како резултат на голема бегалска криза во 2015 и 2016 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/08/2018 13:31