Иван Дуке положи заклетва како најмлад претседател на Колумбија, кој најави „корекции“ на мировниот договор со левичарските бунтовници.

Дуке (42) се соочува и со задачата за примена на историскиот договор со Револуционерните оружени сили на Колумбија, со кој беше ставен крај на 50-годишниот конфликт.

- Дојде моментот за сите нас да се обединиме во борбата против илегалните групи, порача Дуке во инаугуративниот говор, на кој присуствуваа десетина шефови на држави. Дуке истакна дека ќе биде немилосрден кон криминалот, групите кои криумчарат дрога и оружје, како и кон бунтовничките групи.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/08/2018 14:12