Сенегалецот Кеита Балде по трансферот од Монако во Интер, рече дека му се остварил сонот од детството.

- Многу сум среќен што сум тука, ќе дадам се од себе да ги задоволам навивачите. Имам искуство со играње во Серија А, но овој пат ќе настапувам за клубот за кој од детството сонував да играм. Секогаш ми се допаѓале навивачите неро-азурите и сакам да ги направам среќни, изјави Балде.

Тој претходно ви Италија има настапувано за Лацио.

Минатата сезона Балде играше за Монако. На 23 натпревари постигна осум погодоци.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/08/2018 09:54